Цели

 

Еуродрам е европска мрежа за театарски преводи. Работи со јазиците од Европа, од Централна Азија и од Медитеранот. Неговата главна цел е да ги запознае професионалците и театарската публика со дела што се, главно, неиздадени, посветувајќи ѝ особено внимание на јазичната разнородност. Мрежата е организирана во четириесетина лингвистички комитети за читање, со околу 300 членови. Секое лице што е компетентно во областа на театарот и на преводот и сака да ги сподели своите познавања може да се кандидира да се вклучи во комитет. Секој автор или преведувач може да ги предложи своите текстови на начините опишани подолу. Во сезоната 2012-13 комитетите имаа задача да изберат театарски текстови преведени на нивниот јазик.

 

Комитети

 

Мрежата е организирана во четириесетина лингвистички комитети за читање, поделени по јазици, со околу триста членови. Секое лице што е компетентно во областа на театарот и на преводот и сака да ги сподели своите познавања може да се кандидира да се вклучи во комитет. Членството се одобрува во согласност со процедурите својствени за соодветниот комитет, кои се, во принцип, многу едноставни. Добредојдена е секоја препорака за нов член.

Мрежата се обидува да ја поттикнува рамнотежата на присуството на мажи / жени, почетници / искусни, теоретичари / практичари, независни / институционални, локални жители / членови на дијаспората итн. Пожелно е во секој комитет да учествуваат главните издавачи на локалниот театар, членови на националните конкурси за драматургија или на фестивалите поврзани со националната драматургија, како и претставници на сојузите на драматурзите.

Секој член има задача да го поттикнува распространувањето текстови во рамките на својот комитет, особено преку нивно претставување на автори, преведувачи, издавачи, агенти и организации на автори. Тој е задолжен да ги предава и да ги чита колку што е можно повеќе. Најслободните и најпасионираните треба да бидат способни да направат кратко пречитување (анонимно, преку координирање), во случај авторот да го побара тоа.  

 

Групи за дискусија

 

Секој член е внесен во листа за распределба преку мејл. Тие листи се делумно ограничени. Можат да пишуваат само членовите, а пораките испратени според листата стигнуваат до сите членови на комитетот. МЕО е одговорен за техничкото внесување во листата и за објавувањето на пристигнувањето на секој нов член. Секој нов член е замолен да им се претстави на другите според листата. Пораките треба да бидат, се разбира, на јазикот на соодветниот комитет, а не на француски, на англиски или на руски, со исклучок на колективните пораки за општа координација.

 

Места-ресурси

 

Мрежата на комитетите е придружена од мрежата на места-ресурси. Тие места ѝ ставаат на располагање на публиката библиотека на театарски преводи и информации поврзани со мрежата преку интернетската страница (види „текстови-извори“: lieux ressources).

 

Координација

 

Секој комитет е координиран од еден од своите членови според правилата на комитетот. Координаторот треба да се осигури дека целите на мрежата се правилно разбрани од членовите на неговиот комитет. Се обидува да собере и да распространи колку што е можно поголем број текстови; да собере нови членови, особено меѓу преведувачите, и да обезбеди извесно подновување на комитетот; да ги организира размените, собирите за подготовка и гласањата поврзани со изборите. Треба да биде сигурен дека резултатите, придружени од потребните елементи (биографија, резиме, извадок...), се предадени за општа координација навремено. Најпосле, се обидува да го претстави изборот на својот комитет, барем со пишување и испраќање соопштение за печатот, како и, ако е можно, изборот на други комитети.

Координаторите се поканети да учествуваат на фестивалот „Театарска Европа“, каде што се организира настан, како и да бидат присутни на годишното општо собрание. Ако е неопходно, МЕО може да му помогне на координаторот во неговата потрага по финансирање на патот и на сместувањето.

Општата координација е обезбедена од МЕО, без да има тоа дефинитивен карактер.

 

Текстови

 

Текстовите може да бидат предложени од сите: автори, преведувачи, издавачи, агенти итн.

Што се однесува на оригиналните текстови, предлозите треба да го вклучуваат целосниот оригинален текст, кратка биографија на авторот, технички податоци (датумот и местото на пишувањето, бројот на ликовите, награди и претходни изведби), како и каква било дополнителна информација што може да биде интересна.

            Напомена: кoга се во прашање оригинални текстови на француски, може да бидат предложени само текстовите што биле избрани од некој комитет за професионално читање или по препорака од член на францускиот комитет.

            Што се однесува на преводите, предлозите треба да вклучуваат целосен или делумен превод (во принцип, една петтина од делото), аналитичко резиме на делото, кратка биографија на авторот, технички податоци (датумот и местото на пишувањето, бројот на ликовите, награди и претходни изведби), како и каква било дополнителна информација што може да биде интересна. Јасно е дека е неопходно да се назначат јазикот на оригиналот и името на преведувачот. Предлозите мора да се испратат во формат пи-ди-еф, преку мејл, на адресата на координацијата на соодветниот комитет (в. ја листата на контакти во „лингвистички комитети“: comités linguistiques) или, ако не на општата координација, на адресата Cette adresse e-mail est protégée contre les robots spammeurs. Vous devez activer le JavaScript pour la visualiser.. Членовите на комитетите треба да ги испратат текстовите директно по листата на комитетот.

            Единствениот рок е датумот на објавувањето на изборот. Колку порано ќе се достават предлозите, толку поголеми ќе бидат распространувањето и бројот на читателите на соодветниот текст.

            Текстовите им се испраќаат на комитетите во согласност со јазикот на кој е направен предлогот. На пример, текст напишан на македонски треба да му биде испратен на македонскиот комитет. Предлогот за превод на тој текст на литвански треба да му биде испратен на литванскиот комитет.

            Јазикот на текстот е главниот критериум, во теоријата без раздвојување од националноста и од местото на жителствувањето на авторот. Сепак, мрежата нема цел да обработува текстови надвор од зоната на Европа / Медитеранот / Централна Азија. И покрај тоа, предлозите може да бидат разгледани случај по случај, во зависност од соодветниот комитет.

Еден автор може да предложи толку текстови и толку пати колку што ќе посака. Сепак, препорачано е да се ограничи на еден текст во една сесија.

 

Избор

 

Секој комитет на Еуродрам спроведува два избора на две години, во форма на биенале, со максимум три текста во секоја. Во изборот не може да има повеќе текстови од еден автор. Станува збор за:

-          парни години: избор на театарски дела на сопствениот јазик за превод на друг европски јазик (ex-превод);

 

-          непарни години: избор на театарски дела на други европски јазици за превод на сопствениот јазик (in-превод).

 

Начин на гласање

 

Секој член на комитетот располага со шест поени. Теоретски, му дава три поени на првиот текст што ќе го избере, два на вториот и еден на третиот. Но, можни се сите комбинации, со минимум еден и максимум три поени за текст. На пример, по еден поен за шест различни текста или по два поена за три текста. Секој член може да ја промени одлуката толку пати колку што сака, до крајот.

 

Датуми

 

Посредни средби: февруари 2014.

Собрание за разгледување: март 20134.

Краен рок за изборите: 1 април 2014.

Општо собрание: мај 2014 (в. го отчетот тука).

 

Резултати

 

Поради недостиг од средства, авторите на предлозите не се побаруваат лично, освен во случаи на позитивен одговор. Резултатите се објавуваат на Интернет во седмиците што следуваат по одлуката. Секој автор може да побара враќање на рецензиите на своите дела. Пожелно е да му бидат предадени анонимно.

Секоја година се распределуваат околу 300 текста низ целата мрежа. Текстовите предложени на францускиот комитет во 2012 г. беа прочитани, во просек, од седуммина.

 

Продолжение

 

За изборите (за жал) не следува финансиски надомест. Изборот на оригинален текст е покана до преведувачите од неговиот јазик да се зафатат со негов превод. Изборот на делумен превод е покана до преведувачот да го продолжи. Изборот на целосен превод е покана до режисерите и до издавачите да го употребат.

Мрежата работи во партнерство со многубројни структури, што ѝ овозможува да се впише во динамиката на резиденцијални програми, да им помага на преведувачите и да бара партнерства на меѓународен план.